На игралиштето на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во Охрид, вчера, се одржа првиот хуманитарен турнир – Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид 2022. Покровител на настанот се Македонските Темплари „Св.Наум Охридски“, во соработка со К.К „Колибри“ – Охрид, Здружение Енхелеус Лихнид, Лабино саунд и Црвен Крст – Охрид.

Oва е прв хуманитарен турнир – Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид 2022 год., кој се надеваме во иднина да прерасне во традиција. Турнирот е одлична можност за децата на возраст од 10 до 15 години од Охрид и пошироко, да се дружат, спортуваат и го развиваат хуманитарниот дух, велат Македонските Темплари.

На хуманитарниот турнир учество зедоа околу 60 деца.

Ни претставува огрома чест и задоволство што помина сè во најдобар ред, што преку хуманост децата имаа можност за дружба, тимска игра, спорт, рекреација, едукација, додека со помош на Здружение Енхелеус Лихнид придонесовме и за подигнување на еколошката свест и зачувување на животната средина од најмладите, додаваат организаторите.

За најуспешните три екипи обезбедени беа вредни награди, додека секој учесник доби капа и маица и благодарница за земено учество.

Во категорија од 10-11 години првото место го освои екипата „Мускетари“, второто место екипата „Ѕид“, а третото место „The best boys“. За „Мускетарии“ играа Харис Абас, Милош Милошевиќ и Димитар Настовски. За екипата на „Ѕид“ настапија Ирина Ристиќ, Стефанија Шулески и Софија Каневче, додека за „The best boys“ играа Стефан Танасоски, Павел Стефановски, Дејан Мојсоски.

Во категорија 12-13 години првата награда припадна кај екипата „Топка“, второто место го зазеде екипата „Лесни пари“ а третото место им припадна на „Канаринците“. За „Топка“ настапија Василиј Топаловски, Никола Митревски, Владимир Рамбески, и Матеј Рамбески, за екипата „Лесни пари“ настапија Марко Бошковски, Матеј Стојаноски, Јован Анѓелковски, додека за „Канаринци“ играа Давид Змејкоски, Стефан Арсовски и Бојан Мојсоски.

МВП на турнирот кај Првата категорија е Софија Каневче, а во категорија од 12-13 години е Бојан Мојсоски.

OhridNews