Хрватската експедиција предводена од претседателот на хрватскиот фудбалски сојуз, Давор Шукер и контроверзниот претседател на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ пристингаа на аеродромот во Скопје.

Селекцијата на Хрватска во третата рунда од мундијалските квалификациите в петок ќе се сретне со Македонија на распродадениот стадион “Филип Втори“. Почетокот на мечот е закажан за 20:15 часот.

Фото : “Екипа“
Мх.П.