Екипите на Хотел Интернационал и АСП Пак ќе се борат за трофејот во финалето од јубилејното 45-то издание на турнирот во мал фудбал „Петровден 2019“.

Хотел Интернационал во 1/2 финалето со 4-0 го совлада тимот на Др. Баткоски, додека АСП Пак со тесни 3-2 беше подобар од екипата на Ноче.

Натпреварот за третото место ќе се одигра во 21 часот, а големото финале закажано е во 22 часот. Наградниот фонд на турнирот изнесува 120 000 денари.

OhridNews