Семафорот кој е поставен на улицата „Јане Сандански“ на приклучокот кон булевар „Туристичка“ кај „Мини Маркет“ не е во функција бидејќи е соборен на земја.
Причината за оштетувањето на семафорот не е позната, но граѓаните кои живеат во овој дел на градот не информираа дека семафорот веќе неколку дена се наоѓа во оваа положба. Очекуваме во текот на денешниот ден истиот да биде поправен и ставен во функција.
OhridNews