Интернационалци во охридскиот состав, Малик Хогас и Јосип Кежиќ беа дел од тренингот на најмладите членови во клубот. Тие на „петлињата“ во салата од Основното училиште „Григор Прличев“ им ги откриваа тајните во ракометот, а посетата ја овековачија со „селфи“ фотографија.


Крилото Хогас односно бекот Кежиќ ги поканаа најмладите членови на мечот со Борец од Велес кој „гладијаторите“ ќе го одиграат в недела во 18 часот во првата рунда од пролетната полусезона во Супер лигата.

Спорт за сите во Охрид !

OhridNews