Краткотрајно невреме проследено со интензивни електрични празнења и врнежи од дожд вечерва го зафати регионот на Охрид и околината. Громови го параа небото над Галичица и околните планини и го осветлуваа градот. Mоментите кога природата ја демонстрираше сета своја моќ ги забележа фотографот Ѓоко Наумоски од „Мега продукција“.

До петок во попладневните часови ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во петок кон крајот на денот ќе почне да дува засилен северозападен ветер кој ќе продолжи и во сабота и ќе услови значително опаѓање на температурата во наредните денови. За време на викендот ќе има локален дожд, но без грмежи, а од понеделник се очекува пооблачно време со пообилни врнежи од дожд, информира УХМР Македонија.

OhridNews