Организаторот на „Охрид трчаТ“ на официјалната прес конференција го изненади градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски со доделувањето на стартниот пакет со број еден. Таткото на градот го потврди учеството и ќе ја предводи екипата на Општина Охрид во тим билдинг трката.
– Јас сум голем вљубеник во спортот, но со оглед на обврските како татко на градот немам толку време да спортувам. На „Охрид трчаТ“ ќе направам исклучок и заедно со останатите вработени од Општина ќе учествуваме во тим билдинг трката. – изјави Стојаноски.
Вкупно има 56 екипи кои ќе учествуваат во тим билдинг трката со разни цели и значења.
Мх.П.