Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев, вечерва, на Националната арена „Филип Втори“ на мечот со Летонија го запиша 100-от настап во дресот на А репрезентацијата. По тој повод „Гранде Пандев“, доби признанија од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и Европската куќа на фудбалот (УЕФА), а претходно капитенот на „црвено жолтите“ доби специјален подарок од соиграчите.

Пандев во „клубот 100“  му се придружи на Гоце Седлоски кој моментално е во тренерските води. Новиот „мистер 100“ дебитираше минатата деценија, а низ годините носеше огромна радост со своите погодоци. Пандев е најдобар стрелец во македонската фудбалска репрезентација со 33 погодоци.

Фото: Екипа.мк
ОhridNews