Народниот театар Охрид вечерва премиерно ја изведе претставата „Кумови“ од Душан Ковачевиќ, во режија на Билге Емин.

Премиерата на претставата чија тематика е секојдневието на луѓето од балканскиот простор, ја привлече охридската публика, а на премиерата присуствуваше и министерот за култура Зоран Љутков кој беше пречекан од директорот на Центарот за култура „Григор Прличев“ Горан Стојаноски. Инаку, ова е првпат  во Охрид министер за култура да присуствува на премиера на Народниот театар Охрид.

Во новата претстава играат Адријана Билаловиќ Тодороска, Никола Тодороски, Елизабета Стефановска Јандреовска, Стрезо Стаматовски и Ивица Цонев.

Преводот и драматургијата се на Кристина Тодороскса- Петреска, сценографијата на Татјана Христоска- Бажевска, додека костимографијата на Марија Пупуческа.

По премиерата претставата „Кумови“ ќе се најде на редовниот репертоар на Народниот театар Охрид.

Г.М.
Фото:Никола Чолески „MediaLab“