Илјадници верници, од Охрид, но и од околните градови и соседна Албанија денеска го исполнија манастирскиот комплекс Св. Наум на одбележувањето на празникот посветен на големиот просветител и чудотворец.

Колони возила од вчера вечер се движат кон и од манастирот Св. Наум, кој е прекрасно уреден.

На влезот од манастирската црква во Св. Наум верниците трпеливо чекаа во ред за да запалат свеќа и да се поклонат на гробот на светителот.

Св Наум заедно со Св. Климент Охридски се ученици на славните светители Кирил и Методи. По завршувањето на Моравската мисија Св. Наум заедно со Св. Климент својата благородна мисија на ширење на словенската писменост и култура ја продолжиле во областа Кутмичевица на брегот на Охридското Езеро. Тие се основоположници на охридската книжевна школа.

Св. Наум најголемиот дел од својот живот го поминал во манастирот на јужниот дел од Охридското Езеро кој сам го изградил.Таму тој ја развивал својата просветителска дејност. Освен по книжевната работа мегу народот бил познат и како исцелител.

Свети Наум се упокоил во 910 година

OhridNews