Стрелците беа исклучително расположени на натпреварите одиграни вечерва во салата „Билјанини извори“ на вториот ден од хуманитарниот турнир во мал фудбал „Ohrid Freed“, кој се игра во чест на празникот 7-ми Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид. Дури 12 гола паднаа на натпреварот Кафе бар 9 Струга и Провелд Метал Дизајн Волино, а ефикасно беше и на останатите средби.

Резултати петок, 25 октомври:

Кафе бар 9 Струга – Провелд Метал Дизајн Волино 6:6
Магна – ЈП Охридски Комуналец 2:3
АСП ПАК – Бел Мерцедес 3:2
ОДВ Електрик – Општина Охрид 3:1

Турнирот продолжува во сабота со четири натпревари во кои се среќаваат:

Инекс Олгица Хотел и СПА – ЈП Водовод
ЛТХ Леарница – Рек Битола
Гостилница кај Мече – ЈП Колекторски Систем
Костал Македонија – ЈП Нискогрдба

Г.М.
Фото: Бобан Стојаноски