Статуата на девојката со истакнати облини, што се наоѓаше кај Билјанините извори, од неодамна го разубавува кружниот тек кај ЕМУЦ. Статуата за која охриѓани имаа поделени мислења, веќе не е Билјана. Не се вклопувала во новиот амбиент на Билјанините извори, поради што неодамна била и дислоцирана. „Замената“ на Билјана на Билјанини извори подолго време ја најавуваше и локалната самоуправа, според која сега веќе дислоцираната статуа не одговарала на опеаната мома и најголема охридска легенда. Ќе има ли нов споменик на Билјанини извори останува да видиме.


Голата Билјана на улица

Ohridnews