На Кинси Волански не` и успеа планот да втрча на теренот и да го прекине финалето на Копа Америка каде се сретнаа селекциите на Бразил и Перу. Волански и нејзиниот дечко иако вешто маскирани биле препознати и спречени да влезат на стадионот а со тоа и да украдат малку слава со втрчување на теренот..
Волански светската јавност ја запозна после втрчувањето на теренот во финалето на Лигагата на Шампиони кое се одигра во Мадрид. Таа на луѓето од безбедноста им побегна и успеа да се најде во фокусот во светската јавност.
Бразилските власти на Волански и нејзиниот дечко ќе им напишат соодветна пријава а многу веројатно дека ќе добијат времена забрана за посета на Бразил. Трофејот од Копа Америка им припадна на „кариоките“ кои славеа со 3-1 против Перу.
OhridNews