Големите штркови гнезда поставени на електричните столбови се честа слика речиси низ сите делови на државата од рана пролет, па се до последните топли денови.
Меѓу нив не изостанува ни струшко Враништа каде абмиентот е збогатен со убавината на овие големи птици кои своите гнезда ги свиле на дел од столбовите поставени долж улицата.
Белите штркови се смета дека се привикнати на живот близу луѓето и често пати ги прават своите гнезда во населби, на покриви на куќи или електрични столбови.
Колониите од Македонија ги напуштаат во втората половина на август, односно празникот Преображение се смета дека е денот кога тие заминуваат кон Африка, и зимското време го поминуваат во саваните на Кенија, Уганда како и Јужна Африка.
Н.С.Ј.
Фото. Б. Стојаноски