Охридските ракометари поради исклучената струја во спортската арена „Билјанини Извори“ тренингот го одржаа во салата во Велгошти, „Тодор Александров“.
„Гладијаторите“ немаат „право“ на одмор бидејќи веќе го пропуштија тренингот во понеделникот, а пред нив престојат два клучни натпревари со Работнички и Прилеп на домашен терен.
Мечот со Работнички е закажан за в недела во 19 часот, а во зависност од ситуацијата во Билјанини Извори тој може да биде и одложен.
Мх.П.