Ракометарите на Охрид го задржаа максималниот ефект во Младинската лига совладувајќи го Металург во 11-та рунда со 35-23 (18-12) во 11-та рунда од Младинската лига.

До 11-та победа во исто толку одиграни мечеви во младинската конкуренција охридските ракометари стигнаа на доминатен начин. Ракометарите на Металург рамноправен ривал беа десеттина минути, кога на семафорот стоеше 5-5. Домаќините со серија 4-1 се одлепија на 9-6, а до крајот на првиот дел ја дуплираа предноста за плус шест позитива (18-12).

Во второто полувреме ракометарите на Охрид продолжија во ист стил не дозволувајќи разликата да се намали. Таквиот пристап им донесе двоцифрена победа од 35-23.

Во следната рунда охридскиот состав гостува кај битолски Пелистер. Мечот ќе се одигра на 2 или 3 март.

OhridNews