Ракометниот клуб Охрид забележа победа во интернационална тест средба совладувајќи го грчкиот тим Едеса со 30-24 (12-12) во мечот кој се одигра во СРЦ „Билјанини Извори“.

„Гладијаторите“ до победата во контролниот меч стигнаа во второто полувреме, откако првиот дел заврши егал 12-12. Во вторите триесет минути охриѓани го стегнаа обрачот пред голот, а нападот реализираше од добро изработените акции за рутинска победа од шест погодоци разлика.

Охридските ракометари следнава седмица ќе ги финализираат припремите и максимално подготвени ќе ги одмерат силите со Пролет на гостински терен во Скопје.

OhridNews