Охридските ракометари слободниот викенд после пеколниот натпреварувачки ритам на струшкиот турнир и тренинзите во подготвителниот период го поминаа на плажата „Љубаништа“. Доброто друштво беше зачинето со охридскиот специјалитет „Ѓомлезе“, скара, по некое ладно пиво за атмосфера и „ладење“ во Охридското езеро. Домаќинот на „забавата“ Александар Тасески доби дрес од охридскиот клуб потпишан од сите ракометари и членови во стручниот штаб.

Охриѓани често практикуваат вакви заеднички моменти се со цел за подобра атмосфера и хемија во екипата. „Гладијаторите“ ќе треба да смислат или најдат место и начин како да го поминат слободниот викенд во кој повторно ќе се дружат заедно и наполнат батериите.

OhridNews