Фудбалерите на Ренова во полн погон ги одработуваат подготовките во Охрид. За „гипсарите“ предводени од Влатко Костов речиси и да нема одмор, бидејќи тренираат и по три пати ден. На еден таков жесток тренинг бевме сведоци во фитнес центарот „Фит Форм“, каде тетовските фудбалери работеа на физичката подготвеност.
Ренова во Охрид ќе се задржи до в недела кога игра третиот воедно и последниот контролен натпревар против Струга Трим Лум. „Гипсарите“ во првата контрола изгубија од Победа 3-1, а во втората го совладаа Гостивар со 5-2.
OhridNews