Капитенот на Ајакс и холандскиот репрезентативец Матијас де Лихт е топ тема на трансфер пазарот во овој летен преоден рок. И додека фудбалските гиганти водат војна и се наддаваат за неговиот потпис тој ужива на плажата со поубавата половина.
Според, најновите информации најблиску до ангажман е францускиот првак Пари Сент Жермен а во редот за неговите услуги стојат Манчестер Јунајтед, Барселона и италијанскиот шампион Јувентус.
Де Лихт иако има само 19 години со своите игри во дресот на Ајакс и холандската репрезентација се промовираше во квалитетен играч во последната линија од екипата.
OhridNews