Градскиот фудбалски клуб Охрид Лихнидос пред почетокот на контролниот натпревар со струшки Караорман се збогуваше со најголемиот поддржувач и симпатизер Градоначалникот Јован Стојаноски, кој ненадејно почина на 15 декември минатата година.

Со специјални маици со посвета „Си ветивме, ќе успееме“ охридските фудбалери истрчаа на загревање давајќи му збор на покојниот Стојаноски дека ќе ја остварат неговата  големата желба градот да добие стабилен клуб, кој ќе биде фудбалски репрезент.

Стојаноски, многу се вложи за заживување на фудбалот во Охрид и спортот, а негов најголем плод е зеленото светло од УЕФА за изградба на трибина по современи стандарди на СРЦ „Билјанини Извори“. Тој проект нажалост беше еден од последните кој му ги подари на градот.

 

Охридските сино бели во тест средбата со Караорман славеа со високи 6-0. Во двете полувремиња охриѓани постигнаа по три погодоци. Новата сезона во Третата МФЛ југо-запад започнува на 9 март, а охридскиот клуб стартува од првата позиција со 15 бодови предност.

OhridNews