Љубителите на фудбалот денеска имаа убава можност да уживаат во мајсториите на прославените фудбалски асови на белградска Црвена Ѕвезда кои одиграа ревијален натпревар во мал фудбал со селекција составена од играчи од Охрид.
Иако резултатот во вакви натпревари е во втор план, славеше Црвена Ѕвезда со 4:3.
На теренот и покрај него беа познатите фудбалски имиња кои некогаш го носеле црвено белиот дрес: Станислав Караси, Јован Куле Ачимовиќ, Бошко Ѓуровски, Милко Ѓуровски, Владимир Петровиќ Пижон, Милош Шестиќ, Здравко Боровница, Неџа Милосављевиќ, Илија Најдовски, Драги Канатларовски, Јовица Николиќ, Милош Бурсаќ…
Претходно легендите на Црвена Ѕвезда ги посетија манастирите Бигорски и Св. Ѓорѓи победоносец – Рајчица и уживаа во убавините на Охрид и традиционалната македонска кујна.
Покровители и помагатели на настанот се: Гоце Илчески – Гостилница Боем, Михајло Филев – почесен конзул на република Србија во Македонија, Златара Бона Сера, Спортски Центар “Климент Колески”, Адвајзори, АБВ Дизајн, Винска куќа Струга, Домаќинска куќа Вевчани, АСП ПАК, Алпојо, Моби Петрол, Академија Охрид, Винарија Попов, Мега Солар, Жито Леб, Топ Маркет. Медиумски покровител е Охридњуз.
Г.М.