Снежната покривка која се формира во Охрид не е голема, но е доволна убавините на градот да ги видиме и во зимско издание.
Иако температурата е во минус, тоа не им пречи на охриѓани кои на Денот на рибарите кој се одбележува на празникот Св. Јован, да искапат во студените езерски води.
Природата, пак, плени со својата убавина, исто како и урбаните делови од градот со природните и културните споменици.
Според најавите, врнежите ќе продолжат во текот на ноќта, но без поголем интензитет.
Г.М.