Во одлично расположение мина шоуто „Кешки да потрае“, што се одржа синоќа на преполната тераса на плажата „Куба Либре“ во рамки на  Фестивалот на комедијата „Summer Comedy Marahon 2024“

Вечерта ја отвори извонредниот стендап комичар Никола Тодороски чиј настап предизвика овации кај публиката, која одлично реагираше на длабокиот и остар хумор инспириран од секојдневието.

Гости на вечерта беа скопските комичари Атанас и Тино кои на себе својствен начин комуницираа со публиката создавајќи интересна интеракција.

„Summer Comedy Marahon 2024“ продолжува вечерва во „Џез Инн“ со „Comedy Jam“. Финалето на фестивалот чиј медиумски покровител е OhridNews ќе се случи на 13 август на Долни сарај со спектакуларно шоу на „Two mothers brothers“ кои одбележуваат јубилеј 10 години на сцената.

Г.М.
Фото: Анамарија Момироска