Се уште одекнува ехото од песните на стотиците распеани охриѓани кои на оригинален начин го одбележаа празникот Петровден со традиционалната староградска пловидба со ВИС „Билјана“.
Настанот „Ој љубов, љубов“ со кој заврши Алтернтаивното културно лето што го организира Културолошка иницијатива 5 до 12 зрачеше со позитивна енергија која преку социјалните мрежи стигна до сите светески меридијани. Охриѓани, пак, покажаа како треба да се негува традицијата и дека нашата автентична народна музика има и квалитет и потенцијал.
Фотографиите кои ги направи репортерот на Охридњуз Анамарија Момирпска најдобро ја доловуваат атмосферата од настанот за кој уште долго ќе се зборува.
Охриѓани испратија бран позитивна енергија на сите светски меридијани
Г.М.
Фото: Анамарија Момироска
Величенствена музичка приказна на ВИС „Билјана“ и КИ 5 до 12 на Охридското Езеро