Еурофарм Пелистер е победник на второто издание на Меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ што од 23 до 26 август се одржа во Охрид. Во финалето, вечерва, актуелниот македонски шампион и учесник во Лигата на шампионите го совлада Олимпијакос од Грција со 30:27.

 

Играчот на Еурофарм Пелистер Ненад Костески е прогласен за најкорисен играч на турнирот (МВП)

Во драматичен натпревар за третото место, кој заврши со пенал рулет, ГРК Охрид загуби од Татран Прешов 33:32. Екипата од Словачка го освои третото место, а Охрид заврши на четвртата позиција на силниот турнир „Крсте Андоновски“ пред Металопластика, Бешикташ, Голден Арт и Бутел.

Статистика ГРК Охрид: Бркиќ, Ристевски, Ѓорѓиоски, Ојлески 6, К. Андоновски, Дрогришки 1, Д. Андоновски 1, Тасески, Сафранко 2, Кукоски, Крстески, Шешиќ 5, Орјоникидѕе 8, Бојаниќ, Цирар 7.

Успешен организатор на турнирот на кој учествуваа осум екипи беше ГРК Охрид, со поддршка на Општина Охрид.

Г.М.
Фото: Анамарија Момироска