Вкупно осум трки се одржаа викендов на Охридското Езеро, во рамки на првата критериска регата со која се отвори новата натпреварувачка сезона под капата на Едриличарската федерација на Македонија.
Околу 25 натпреварувачи од клубовите „Акватика Јахтинг“ од Охрид и Снегар од Струга, учествуваа во трките во класите Оптимист и ИЛКА 4, што се одржаа на регатното поле пред комплексот „Кј Дивоно“. Временските прилики не беа пречка тие да покажат извонредни спортски вештини. И оваа година критериската регата во Охрид беше поддржана од „Сава“ групацијата – „Сава пензиско“ и „Сава осигурување“ и имаше еколошко мото „Заедно за иднината на Езерото“.
Во класата Оптимист севкупно, првото место го освои Марко Милески од ЕК Снегар Струга, втора беше Андреа Чуркоска од ЕК Снегар, а третото место и припадна на Андреа Кавај од ЕК Снегар.
Во класата ИЛКА 4 првото место и припадна на Софија Ставрева од ЕК Акватика Јахтинг Охрид, втора беше Илина Гаџовска од Акватика Јахтинг, а трета беше Евгенија Ставрева од Акватика Јахтинг.
Во класата Оптимист – девојки, првото место го освои Андреа Чуркоска од ЕК Снегар Струга, втора беше Андреа Кавај од ЕК Снегар, а трета заврши Гала Булатовиќ од клубот Акватика Јахтинг Охрид.
Во класата Оптимист – момчиња, прв беше Марко Милески од ЕК Снегар Струга, второто место го освои Павел Стоев од Акватика Јахтинг, а трет беше Горазд Арнаудов.
Во класата Општимист – девојчиња до 12 години, првото место го освои Гала Булатовиќ од Акватика Јахтинг, а втора беше Мила Булатовиќ од Акватика Јахтинг.
Во класата Оптимист момчиња до 12 години прв беше Марко Милески од ЕК Снегар Струга, втор пристигна Горазд Арнаудов од Акватика Јахтинг, а трет Александар Талев од Акватика Јахтинг.
Фото галерија
Медалите и признанијата на најдобрите им ги врачи Елена Пачоска, претставник на „Сава пензиско“. Успешен организатор на регатата и овој пат беше клубот Акватика Јахтинг од Охрид.
Во наредниот период ќе се организираат уште две критериски регати, по кои ќе биде составена македонската репрезентација која ќе настапува на претстојните меѓународни натпревари.
Г. Момироски