Со широки насмевки и позитивна енергија, многу забава и трчање помина Детската трка која денеска се одржа во склоп на спортската манифестација „Охрид трчаТ“.

Детската и Училишната трка која се одржа на 23 мај се најава за главниот настан што го организира Асоцијацијата „Спорт за сите-сите за Спорт“ и Сојузот на училишен спорт од Охрид, а е поддржана од Европската Унија, Локална агенција за развој и ЗГ Креативни и Активни од Струга. 

Наградите на првопласираните во машка и женска конкуренција на трката за најмладите, им ги додели Дани Димотровска која беше улога во младински амбасадор.

– Само со вакви настани може да се крене духот кај дечињата и да се в сади една позитивна навика. Многу ми е мило што гледам волкав број на дечиња. На организаторите им посакува многу успех, а Охрид уште многу вакви спортски настани. –  рече таа.

Подигнувањето на стартните пакети, пак, за главните трки на 5 и 10 километри, што ќе се одржат утре со почеток во 10 часот, започна дутрово и ќе трае до 20 часот вечерва, на градскиот плоштад.

Фото галерија:


Трчање, забава и многу насмевки на Детската трка !

OhridNews