Гостувањето на театар „Комедија“ од Скопје, кој синоќа во исполнетата голема сала на центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ја изведе претставата „Мојата жена се вика Борис“, беше полн погодок. Добро воиграниот актерски состав ја насмеа и расположи охридската театарска публика која уживаше во претставата работена по текст на Рафи Шарт, а во режија на Синиша Евтимов. Сценографијата е на Орхан Ќамилов, акостимографија на Александар Ношпал.
За изведбата актерите: Сашо Ристовски, Роберт Ристов, Мирјана Поповска – Ристов, Александар Михајловски, Жаклина Петровска, Столе Мицов и Ева Скендеровска, на крајот од претставата беа наградени со стоечки аплаузи.
фото: Емил Јовановиќ
Стоечки аплаузи за Театар „Комедија“ во Охрид
OhridNews
фото: Емил Јовановиќ