Љубителите на спортот во Охрид денеска имаа уште една можност да уживаат во елитна кошарка. Во Охрид гостуваше најтрофејниот кошаркарски клуб во Македонија и лидер во Првата лига Работнички.

Гостите, кои се непоразена екипа во првенството забележаа победа 53:71, во која домашниот тим КК АВ Охрид на моменти пружи солиден отпор. Фаворизираниот противник благодарение на подолгата и квалитетна клупа забележа нови бодови во шампионатот.

Средбата ја следеа над 1000 гледачи кои уживаа во мајсториите на кошаркарите на двата тима, бидејќи мечот изобилуваше со атрактивни моменти кои неколку пати ја креваа публиката на нозе.

OhridNews