Фестивалот за електронска музика „Ohrid Calling 2019“ влегува во својата завршница. Синоќа на просторот на поранешната касарна за адреналинска забава исполнета со денс ритам, светлечки и други ефекти, се погрижиjа светски познатите диџеи Vini Vici, KUNGS, Blastoyz, a отворањето на вечерта го имаше BartBmore.

Четвртото издание на „Ohrid Calling“ завршува вечерва со настап на Robin Schulz, Sunneru James/Ryan Marciano, Martin Jansen & Bruno Martini.

Ффестивалот „Ohrid Calling“ се етаблира на светската мапа на фестивали за електронска музика, а потврда за тоа се настапите на големите ѕвезди како што се Армин ван Бурен, Димитри Вегас, Лајк Мајк, Афроџек, Ники Ромеро, Лост Фрекфенсис и други, велат од „Авалон продукција“, организатор на настанот.

OhridNews
Фото: А. Момироска