Четвртото издание на „Free Spirit Day“ на Скејтпаркот Охрид помина во одлична атмосфера и расположение.
Настанот, што го организира Културолошка иницијатива 5 до 12 во рамки на Алтернативното културно лето, започна со селекторот на музика Tome Rootboy, по што следеше официјалниот Скејт натпревар на кој беа пријавени 18 скејтери од различни градови од Македонија: Охрид, Скопје, Битола, Прилеп, Неготино.
Натпреварот се одвиваше во 2 категории: машки и женски до 16 години и машки и женски 17 +.
Во помладата категорија првите три места ги освоија:
1. Филип Ошавковски од Скопје, клуб error of harmony
2.Марко Смилковски од Скопје
3.Бора Какељ од СКР, Охрид
Специјална награда беше доделена на Мила Јовановиќ, како единствено женско пријавено на настанот и мотивација за другите девојки кои скејтаат да се охрабрат и да се пријават.
Во категоријата над 17 години, победници беа:
1. Илин Колевски од Скопје
2.Мартин Ристески од СКР Охрид
3.Мартин Христов од СКР Охрид
Во категоријата за најдобар трик победи Илин Колевски од Скопје.
Натпреварувачите ги вреднуваше комисијата во состав: Лука Илиоски, Илија Левески и Илија Стефановски.
Наградите беа овозможени од: DropIn Skopje, Error of harmony, SKR и КИ 5 до 12.
По натпреварот атмосферата ја вжештија до максимум младите авторски бендови: панк бендот Хајка од Скопје и охриѓаните МАМУТ за првпат во Охрид, а со самиот крај забавата ја продолжи и одјави најдобриот селектор на музика Tome Rootboy од Струга.
За освежување на публиката се погрижија кафе бар Шила, а безбедноста за време на возењето тимот за прва помош при Црвен Крст Охрид.
Благодарност до сите спонзори, помагатели, Општина Охрид, натпреварувачите, публиката, артистите и секако нашите волонтери. Се гледаме догодина на јубилејното 5то издание! – порачаа организаторот на настанот, КИ 5 до 12.
OhridNews
Фото: А. Момироска