Во присуство на претставници од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Третата македонска фудбалска лига југо-запад, поранешните фудбалери кои оставиле силен белег во охридскиот фудбал и сегашните фудбалери, Фудбалскиот клуб Воска Спорт го прослави пласманот во Втората македонска фудбалска лига-запад.
Чест е да се биде дел од оваа церомонија која се случува на стадионот „Грашница“ кој долги години беше заштитен знак на фудбалски Охрид. Од се срце и благодариме на Воска Спорт за вниманието и ѝ посакуваме многу среќа во Втората лига, – изјавија ветераните на охридскиот фудбал.
Воска Спорт прогрес во второлигашкото друштво обезбеди после завршување на првата позиција во Третата МФЛ југо-запад и победата во баражот кој се одигра во Гостивар.
Клубот започна да се екипира за сезоната која претстои во Втората лига. На „Грашница“ пристигна тренерот Раде Цицмиловиќ, а нови имиња што се однесува за фудбалерите се Емир Алиу, Шпенд Асани и Ардит Демир.
OhridNews