Светски познатиот уметник со македонски корени Мајкл Клос подари дваесет слики на здравствените работници во земјата, на Општата болница Охрид, на директорот Др. Горан Балевски и на Министерот за здравство Др. Венко Филипче, во знак на благодарност кон нивните напори во борбата со Ковид 19.

Во име на Општата болница и целиот персонал сакам да му се заблагодарам на уметникот Клос за делата и за тоа што се сети на нас во време на криза предизвикана од вирусот Ковид -19. Делата ќе завршат кај медицинскиот персоналот од Инфективното одделение кој од самиот почеток е најактивно ангажирана во целата пандемија. Медицинските сестри во оваа криза се покажаа одлично, тие се херои на денешницата. – изјави директорот Др. Балевски.

Манифестацијата во Општата болница во Охрид беше организирана од Здружението „Мацково” Охрид – Црвена Вода.

Големиот хуманист и уметник Мајкл Клос подаде прекуокеанска рака на хериоте во битката со Ковид 19. Нему не му е прв пат да прави донации на вистинско место, во вистински момент, за вистински херои. – истакна Веле Митаноски од Здружението „Мацково“.

Медиумски покровители на хуманитарниот настан сe OhridNews и „Мега Продукција“, кои реализираа директен пренос од пригодната свеченост во охридската општа болница, која се одржа во согласност со протоколите за заштита од Ковид 19.

Директен Пренос од доделувањето на уметнички слики за Македонското здраство од светски познатиот сликар Мајкл Клос

Posted by ohridnews.com on Wednesday, August 12, 2020

Видео од манифестацијата на која беа донирани уметнички дела од Мајк Клос

Уметничките дела на Општата болница во Охрид и медицинскиот персонал, им ги врачи Злата Змејкоска Гашпаревиќ, медицинска сестра во пензија

Идејата на Клос и на мојата сестра Менка Клос беше на некој начин да се оддолжат за пожртвуваниот медицински персонал во ова време. Тие сакаа уметнички дела да ве потсетуваат не нешто убаво и да ви дадат мотив за предизвиците кои допрва доаѓаат. – рече Змејкоска Гашпаревиќ.

На настанот од оправдани причини изостана присуството на министерот Филипче, кој денеска имаше важен состанок на Комисијата за заразни болести за прецизирање на протоколите за начинот на кој ќе се одвива наставата во земјата во претстојната учебна година.

Би сакала да се заблагодарам од име на сите медицински сестри на господинот Мајкл и неговата сопруга Менка за признанието кое им го оддадоа на медицинските сестри – хероите кои застанаа на првите борбени редови во борбата со пандемијата заедно со сите други здравствени работници, притоа работејќи со многу љубов, пожртвуваност, знаење и грижа, без никакви изговори.  Благодарност и од мое лично име, горда сум на вакви сестри. – рече главната медицинска сестра Анета Волканоска.

Зад името на Клос стојат речиси 300 самостојни и групни изложби, во педесетина земји во светот, десетици ликовни колонии…

Делата , често пати, ги донира за да им помогне на добротворните организации.

 

OhridNews
Фото: А. Момироска