Третото издание на фестивалот „Ohrid calling“ започна синоќа на стадионот „Билјанини извори“ со настап на светски познатите диџеи Dimitri Vegas & Like Mike. Тие приредија спектакуларно шоу исполнето со динамична музика, специјални ефекти и пиротехника. Извонредна поддршка имаа во македонскиот диџеј Галоски кој настапи на загревањето.

Фестивалот „Ohrid calling“ кој се одржува во организација на „Авалон продукција“, продолжува вечерва со настап на диџеите Jax Jones & Roger Sanchez, а заврушува со шоуто на мега популарниот Armin van Buuren на 4 август.

фото: Анамарија Момироска