Охридското езеро и градот, како никогаш претхнодно беа успешни домаќини на три настани низ кои продефилира околу 100-тина пливачи во Охрид. Пливачките возбудувања стартуваа со ЛЕН Купот на 10 километри, продолжија со Ултра маратонот на 25 километри а финишираа денеска со 10-километарската трка во рамките од светската серија.

Пливачката федерација на Северна Македонија (ПФСМ) предводена од Александар Маленко во тесна соработка со светската пливачка организација (ФИНА), Македонскиот олимписки комитет (МОК), Општина Охрид и Претседателот на нашата земја Стево Пендаровски ги задоволи сите апетити донесувајќи пливачи од самиот врв во светот да се натпреваруваат воедно и претстават во најдобро светло во Охрид.

Добрите стандарди се поставени и до година ќе треба да се подигнат барем уште едно ниво. Најмногу акцент ПФСМ треба да обрати во медиумскиот дел а и тие да возврат со иста мера, бидејќи публика имаше но не доволно да биде вистински спектакл.

Михаил Постоловски

 

Русинот Амбросимов и Бразилката Чуна победници на маратонот од светската серија во Охрид