Во долгоочекуваниот дерби натпревар помеѓу Интер – Јувентус победата им припадна на гостите кои славеа со 2-1 на преполниот стадион „Џузепе Меаца“. Спектаклот кој сруши рекорди и бариери ги оправда очекувањата и ги задоволи сладокусците на италијанскиот фудбал.

Двете најдобри екипи играа атомски фудбал. Мечот изобилуваше со мајсторски потези а шлаг на тортата беа головите. „Бјанконерите“ со триумфот во Милано го презедоа врвот во Серија А а Интер сметките шанса за расчистување на сметките со големиот ривал ќе има на дербито во Торино следната година.

OhridNews

Дербито на Италија во знакот на Јувентус, Игуаин го реши Интер (видео)