Еурофарм Пелистер синоќа во Охрид го победи Вардар со 23:22 (полувреме 12:12) и го одбрани трофејот во ракометниот Суперкуп.

За Еурофарм Пелистер ова е втор трофеј од почетокот на сезоната. Во август тие победија на Меѓународниот турнир во Струга.

Најефикасен во победничката екипа беше Усама Хосни со седум гола, во редовите на „црвено-црните“ се истакна Талески со 10 погодоци.

Натпреварот во спортската сала „Билјанини извори“ се одигра во извонреден амбиент, кој го долови фоторепортерот на OhridNews Анамарија Момироска.

Славје на битолчани во Охрид

 

OhridNews