Фудбалерите на Охрид на домашен терен во дербито на колото во Втората македонска фудбалска лига-запад ќе го пречекаат составот на Скопје. Натпреварот се игра в сабота во 15:30 часот во рамките од четвртата рунда во шампионатот.
„Рибарите“ имаат добар почетокот на сезоната остварувајќи победа на домашен терен и ремизирајќи два пати на гостински терен без примен погодок. Охриѓани заедно со Гостивар ја имаат најдобрата одбрана во лигата, додека Скопје со осум постигнати погодоци го има најдобриот напад.
Тренажаниот процес во нашиот клуб се одвива според планот, атмосферата е одлична и со максимален интензитет се одвиваат тренинзите. Двете екипи имаме своите квалитети. Екипата која подобро ќе ги искористи квалитети ќе забележи позитивен резултат. – изјави асистентот во охридскиот стручен штаб, Марино Маркоски.
Правдата на дерби средбата на СРЦ „Билјанини Извори“ ќе ја дели Марјан Дејаноски од Кичево. Со него на теренот составот на Охрид ремизираше без голови со Гостивар на стартот од сезоната. Асистенти на Дејаноски ќе му бидат Давор Цветаноски и Мартин Дејаноски од Кичево.
Во 4-та рунда покрај Охрид – Скопје ќе се сретнат Кораб – Вардар Форино, Кадино – Велазерими, Тетекс – Дрита и Гостивар – Велешта.
OhridNews