Екипите од Основното училиште Ванчо Николески и Општинското средно училишта Св. Климент Охрид (Гимназија) триумфираа во футсал лигата организирана од Сојузот за училиштен спорт од Охрид.

Во финалните натпревари ОУ Ванчо Николески после изведувањето на пеналите го совлада тимот од ОУ Христо Узунов со 2-0, откако регуларниот дел заврши без победник 0-0, додека ОСУ Св. Климент Охридски со 3-2 славеше против ОСТУ Ванчо Питошески.

Покрај награди за победниците и најдобрите, Сојузот за училиштен спорт и додели посебно признаниe на Професорката Стефанка Ангеловска која замина во пензија.

OhridNews