Фудбалерите на Охрид ја исполнија целта во Втората македонска фудбалска лига-запад, завршувајќи на втората позиција на табелата, со што обезбедија бараж натпревар за пласман во Првата македонска фудбалска лига. Среќата во финалната 27.рунда од Втората лига беше на страната од охриѓани. „Рибарите“ претрпеа минимален пораз (1-0) во Тетово од Тетекс, но и ривалот Велешта изгуби во Скопје од истоимената екипа 3-0 и Охрид остана на втората позиција.

OhridNews

 

„Рибарите“ го зграпчија билетот од Втората лига и ќе играат бараж за влез во Првата лига