Пол позицијата во финалните три битки за второто место на табелата во Втората македонска фудбалска лига-запад им припадна на „рибарите“, кои вчера, во пресметка со директниот ривал Велешта, славеа со минимални 1-0. Охриѓани одиграа нов перфектен меч на домашен терен, покажувајќи зрелост, квалитет и желба за пласман во баражот кој е последна пречка за влез во македонската фудбалска елита. Победничкиот погодок на СРЦ „Билјанини Извори“ беше дело на Дарко Цветаноски, кој прецизно во противничката мрежа стрелаше во првото полувреме.
Во завршните три мечеви, Охрид, гостува кај Скопје и Тетекс, а на домашен терен го пречекува Кадино. Велешта, пак, на домашно тло силите ќе ги одмери со Велазерими и Гостивар, а гостува кај Скопје.
OhridNews
Велешта немоќна на „Билјанини Извори“, баражот им се смешка на „рибарите“