Прекрасниот ден охриѓани го искористија за прошетка покрај мирното езеро облеано во декемвриското сонце. Похрабрите го искористија сончевото време за едрење или прошетка со катамаран или чамец по езерото. Шеталиштата и терасите на угостителските објекти беа преполни со гости, кои уживаа во магичната убавина на градот.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, во понеделник во Охрид ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до првиот степен, а максималната ќе достигне до 9 степени Целзиусови.

OhridNews