Охриѓани покажаа голема почит кон легендарните фудбалери на Црвена Звезда, сликајќи и дружејќи се на градскиот плоштад. Дел од охриѓани кои во живо ги следеле мечевите на Црвена Звезда кога играле Станислав Караси, Милош Шестиќ, Јован Аќимовиќ и Бошко Ѓуровски евоцираа спомени и разменија искуства со фудбалските идоли.

Богатата агенда на легендите на Црвена Звезда во Охрид ќе финишира со ревијален натпревар, кој ќе се одигра во 18 часот, на теренот со вештачка трева.

Целата манифестација е дел од прославата на 100-годишната од фудбалот и фудбалскиот клуб Охрид.

OhridNews
Фото: А. Момироска