Атлетската манифестација „Охрид трчаТ“ феноменално одговори на предизвкот и на најдобар можен начин ја организираше првата улична трка во Македонија во време на пандемија на коронавирусот. Четвртото издание на Охрид трчаТ во архивите ќе остане како прво на кое се организирал полумаратон на 21 километар и на кој учествувале најдобрите маратонци од Македонија.
Магија и посебен шмек на Охрид трчаТ му даваат учесниците на рекреативната трка на 5 километри и разно разните пораки од тркачите. И годинава се трчаше за поддршка на лицата со ретки болести, имаше порака за поголема грижа и заштита на бездомните животно, имаше многу фамилијарни тим билдинг екипи кои испратија силна порака како и каде треба да се насочат децата.
На пиедесталот на 21 километарската трка највисоко се искачија Дарио Ивановски и Биљана Кираџиева. На 5 километарска трка кај машките победи Димитар Петровски, а кај дамите охриѓанката Бојана Наумоска.
Фото: А. Момироска
OhridNews