Фан тимот на Интер од Лабуништа триумфираше на турнирот „Армата 2019“ кој се одигра денеска во Охрид. Екипи составени од симпатизери на Интер од нашата земја попладнево ги одмерија силите и дружеа во СРЦ „Климент Колески“.
Екипата на Лабуништа во мечот за трофејот на пенали го совлада тимот од Битола, додека охридскиот состав финишираше на третата позиција.
Охрид прв пат беше домаќин на традиционалниот турнир на симпатизерите на Интер, а следната година домаќин ќе биде некој друг град кој ќе ги обедини навивачите на „нероазурите“.
OhridNews