Пријатели, колеги, деловни партнери, охриѓани, синоќа присуствуваа на отворањето на новиот лаунџ бар „Octava“ на добро познатата локација на градскиот кеј. Тие уживаа во модерниот амбиент и забавата за која се погрижи диџеј Вишко.
Наскоро во „Octava“ со работа ќе започне и кујната, како и летната бавча на објектот кој што ја збогати угостителската понуда на охридската ривиера.
Од „Octava“ најавуваат богата музичка понуда, свирки во живо и настапи на докажани диџеи. Веќе во петок во „Octava“ ќе настапи „Љубојна“, а во сабота одличниот охридски бенд „Балтер“.
На градскиот кеј отворен новиот лаунџ бар „Octava“
фото: Анамарија Момироска
OhridNews