Со целодневна богата програма, со сплотени генерации и гости од македонска тифо сцена и странство, навивачката група „Рибари“-Охрид спектаклуларно го прослави јубилејниот 30-ти роденден. Ракометарите на Охрид со победа над традиционално незгодниот ривал Пролет ја зачинија големата прослава која ја овековечија фоторепортерите на Ohrid News.
Фото галерија1:
Фото: Михаил Постоловски
Вистинска возбуда предизвика баклијадата која до сега не е видена на овие простори. Првата бакља беше запалена од бродот Александрија од основачите на групата, а во „пламен вивнаа“ градскиот кеј, мостот на желбите, Канео и Самоиловите тврдини, што предизвика воодушевување во охридската и македонската јавност.
Фото галерија 2:
Фото: Анамарија Момироска
Наскоро следи видео!
OhridNews