Ракометарите на Струга и Охрид, навивачките групи „Паткари“ и „Рибари“ и вљубениците во ракометот повторно овој пат во спортската сала „Тими“ приредија ракометен спектакл за уживање. Победата им припадна на домашните ракометари, а чиста десетка заслужија сите чинители задржувајќи го нивото на првото дерби одиграно во СРЦ „Билјанини Извори“.
Посебен момент кој го одбележа дербито беше последната почит од трибината за „Тони Жаба“. Некогашниот водич на стружани почина неодамна, а двете навивачки група од неговото место го испратија во вечноста.
Националните медиуми во суперлативи пишуваат за „Езерското“ дерби, а искрено има и зошто. Ако Охрид не успее да обезбеди место во плејофот ќе има уште две нови пресметки кои сигурно повторно ќе бидат топ тема во македонската јавност.
Фото: Анамарија Момироска и Михаил Постоловски