Настапите на Владимир Четкар во родниот Охрид се секогаш посебни. Енергијата со која светски познатиот џез и фанк музичар настапува на изворот на својата инспирација тешко може да се опише со зборови. Едноставно треба да се доживее. Владимир Четкар секстет, синоќа, на отворено во прекрасниот амбиент на хотелот „Филип“ во Охрид имаа фантастичен настап пред одбрана публика.

Шестото издание на „Вино и џез“ сосема ги оправда очекувањата. Владимир Чектар придружуван од неговиот секстет се претстави со одлична авторска музика која го лансира на листите на бројни радио станици низ светот.

Префинетите музички импровизации, модерниот аранжман и инспиративните солажи на Четкар и бендот ја кренаа на нозе публиката која уживаше во секој миг од музичката магија.

По Охрид Владимир Четкар го очекуваат настапи во земјата и странство.

Фото галерија:

Музичка магија на Владимир Четкар секстет за крај на летото

Г.М.
Фото: А. Момироска